Путин прв го напушти самиот на Г20

Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово замина од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот на Г-20, на кој беше изложен на критики од Западот поради Украина, истакнувајќи дека заминал нешто порано отколку што било планирано, затоа што му било потребни да се наспие.

Рускиот лидер оттапува за Русија пред објавувањето на завршното соопштение од самитот, но присуствуваше на завршниот ручек и ги поздрави „конструктивните разговори“, пренесе Танјуг.

Претходно, руски претставник изјави оти Путин планира да го прескокне работниот дел на самитот и да го напушти порано Бризбејн, откако се најде под притисок поради Украина, но подоцна тоа е демантирано од Кремљ.

Путин во изјава за руски медиуми рекол дека одлуката прв да го напушти Бризбејн, нема врска со тензиите на самитот околу Украина, туку со тоа што сакал да се наспие за да биде подготвен за следниот работен ден во Москва, кој е преполн со настани. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.