Свет

Путин работи по руско-белоруската интеграција

Путин работи по руско-белоруската интеграција

Заедничката дејност на Русија и Белорусија во рамките на заедничката Федерална држава „е од значење за сите учесници во интегративните процеси“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој разговарал во Москва со белорускиот колега Александар Лукашенко, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Руско-белоруската интеграција има разработен распоред“, посочи Путин.

„Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија веќе докажа дека е ефикасна формација“, истакнал на средбата Лукашенко, заблагодариувајќи му се на рускиот лидер за вчерашната плодотворна работа на Врховниот евроазиски економски совет кој заседавал во Москва. Овој совет е највисокиот управен орган на Царинскиот сојуз и единствен економско пристранство, вклучувајќи ги државните и владините шефови на земјите учеснички.