Свет

Путин размислува за амнестија на Ходорковски и Pussy Riot

Путин размислува за амнестија на Ходорковски и Pussy Riot

Според советникот, рускиот претседател во септември побарал од својот совет за човекови права да му образложат предлози за амнестија по повод 20-годишнината од рускито постсоветски устав од декември 1993 година.

По средбата со Путин, претседателот на советот Михаил Федотов изјави за медиумите дека верува оти Михаил Ходорковски и двете членки на Pussy Riot, Надежда Толоконикова и Марија Алокина ќе бидат опфатени со амнестијата.

„Мислам дека тоа ќе биде така”, рекол Федотов пред новинарите, додавајќи дека станува збор за „ненасилни кривични дела”.