Свет

Путин: И Русија и Америка сакаат подобри билатерални односи

Путин: И Русија и Америка сакаат подобри билатерални односи

– Во Русија и во САД постојат луѓе кои сакаат добри меѓусебни односи, кои ја уважуваат и сакаат културата и на САД и на Русија, истакна Путин на церемонијата на врачување на државни награди.

Според него, во време кога односите на Русија и САД „преживуваат тешки моменти“, многу се важни образовните и просветните програми, како програмата на Сузан лерман, покрената во САД.

Тој потсети дека на Денот на народно единство традиционално се врачуваат награди на странски граѓани, кои придонесуваат за развој на повеќестраните, културни и хуманитарни врски со Русија и додаде дека таквите контакти им помагаат на луѓето да се „разберат, да се зближат и да ги разбијат вештачките наметнати стереотипи“, истакна Путин.