Путин: Русија ќе зајакнува онака како што сакаше Борис Јелцин

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е уверен дека Русија ќе се развива и зајакнува онака како што сакаше Борис Јелцин, првиот претседател на Руската Федерација.

-Се сеќавам на зборовите на Јелцин кои цела земја ги знае – ’Грижете се за Русија’, рече Путин на церемонијата на отворање на новиот претседателски центар на Јелцин во Екатеринбург, на Урал.

„Тие зборови се упатени кон секого од нас, сегашните и идните генерации“, истакна Путин.

Јелцин сакаше Русија да стане моќна, просперитетна и среќна земја, наведе Путин, додавајќи дека било потребно да се надминат многу проблеми за да се оствари оваа цел, пренесе ТАСС.

-Ќе ги решиме сите актуелни проблеми. Русија ќе зајакнува и ќе се развива со напор, труд и талентот на нашиот народ, кој е лојален кон татковината, порача рускиот претседател.