Путин: Русија треба санкциите да ги искористи како шанса

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја треба санкциите да ги искористи како шанса, бидејќи Западот нема набрзо да ги укине, пренесува МИА.

Како што рече во „Директна линија“, традиционалниот разговор со руската јавност, на Русија ќе и бидат потребни околу две години, а можеби и помалку за целосно да ја заживее својата економија.

– Рубљата се зајакнува, пазарот расте, имаме доволно ресурси, што покажува дека сме на добар пат. Санкциите имаат позитивна страна бидејќи не натераа да спроведеме реформи за кои претходно веројатно сме се двоумеле, рече Путин.

Рускиот претседател истакна дека потезите по воведувањето на санкциите доведоа до значајни резултати пред се, во земјоделството и контролата на прехранбените производи.

– Најсилниот удар го издржавме, потенција Путин.

Ситуацијата е нешто поинаква кога станува збор за стопанствениците на кои Путин им порача дека морат да се снаоѓаат во актуелната ситуација.

– Не би требало да се очекува дека санкциите наскоро ќе бидат укинати. Тие се дел од широката стратегија на другите нации да го запрат економскиот распад на Русија. Укрианската криза е повеќе изговор отколку причина за нивното воведување, рече шефот на руската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.