Путин: САД ги зафати манија на шпионирање

© Алексей Никольский/пресс-служба президента РФ/ТАСС

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека меѓу Русија и САД завладеала вештачка „манија на шпионирање“ и процени дека односите меѓу двете земји со време ќе се вратат на нормалата.

Во текот на долгата традиционална годишна прес-конференција, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека односите меѓу руските функционери и членовите на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп биле „рутински“, но оти погрешно ги прикажуваат противниците на Трамп.

„Сето тоа го измислија луѓето коишто му се противат на Трамп за неговата активност да ја направат нелегитимна . Луѓето коишто го прават тоа ѝ штетат на домашната политика во земјата“, изјави Путин.

Запрашан како го оценува досегашниот мандат на американскиот претседател, одговори дека тоа не е негова работа, но и оти забележал значителни постигнувања.

„Јас не можам да ја оценувам работата на претседателот. Тоа е работа на избирачите, на американскиот народ. Објективно, можеме да воочиме некои значајни резултати, дури и во толку кус период. Погледнете го растот на пазарите, тоа е порака за инвеститорите “Верувајте во американската економија’. Секоја чест на противниците на Трамп, но тоа е објективен факт“, додаде Путин.

Зборувајќи за изгледите за подобрување на американско-руските односи, Путин рече дека „треба да се праша Трамп дали ја има или ја нема таа желба, или таа исчезнала“.

„Се надеваме дека го саксток, севера тоа. Во крајна линија, во интерес на американскиот народ е да ги нормализираме нашите односи, да ги развиеме и да го совладаме заедничките закани: тероризмот, проблемите со заштитата на природната околина, борбата против ширењето на оружјето за масовно уништување, решавањето на кризите во различните делови на светот, вклучително и Блискиот исток, севернокорејското прашање итн“, рече рускиот претседател.
Во врска со Северна Кореја истакна дека сите земји мора да ја „спуштат топката на земја“. „Не го признаваме нуклеарниот статут на Северна Кореја. Сметаме дека сето она што се случува е контрапродуктивно“, рече Путин.

Потсети дека во 2005 година постоеше договор со Пјонгјанг за намалување на нуклеарната програма, но тоа на „САД по неколку месеци не им беше доволно“.

„Северна Кореја не гледа ниедно друго средство за самоодбрана освен развојот на оружје за масовно уништување и воена опрема. Сметаме дека двете страни мора да ја запрат таа спирала. Сега и (американскиот државен секретар Рекс) Тилерсон вели дека САД се подготвени за директен контакт, а тоа е многу добар сигнал“, додаде Путин во текот на повеќечасовните прашања од новинарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.