Путин се појави во јавност: Би било здодевно без озборувања (видео)

Животот би бил здодевен без озборувања, изјави претседателот на Русија Владимир Путин по средбата со неговиот киргистански колега Алмазбек Атамбајев во Санкт Петерсбург, објави Раша Тудеј, пренесува Нетпрес.

Претходно, западните медиуми во повеќе наврати објавија текстови со наслов „Каде е Путин?“ со претпоставки дека рускиот претседател ненадејно се разболел.

Средбата со Атамбајев, воедно беше прво јавно појавување на Путин по 10-тина дена, односно од 5-ти март годинава.

Претхиодно, атмосферата дополнително се „подгреваше“ на социјалните мрежи преку ширење на можни образложенија за исчезнувањето на рускиот лидер. Откако Путин ја откажа средбата со германската канцеларка ангела Меркел на 11-ти март неговите симпатизери претпоставуваа дека можеби е болен. Оваа теорија беше веднаш отфрлена од Кремлин.