Путин се сретна со јапонскиот премиер Абе

Во рамки на средбата помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, која се одржа денеска во Пекинг била разгледана ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија.

Путин и Абе се сретнаа на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), што денеска почна во кинеската престолнина.

Двајцата ја потврдиле „подготвеноста да продолжат со контактите за сите активности, вклучувајќи го и продолжувањето на работата врз мировниот договор“.

– Путин и Абе, исто така, направија преглед на билатералните проекти за трговско-економската соработка, што беа усогласени при последната посета на  јапонскиот премиер на Русија, забележа портпаролот на Кремљ, ДмитријПесков.