Путин се сретна со Марин ле Пен

Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција беше примена денеска во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

– Русија придава големо значење на односите со Франција, при што се стреми да одржува избалансирани дноси како со власта, така и со опозицијата – рече Путин.

Во врска со претседателската кампања во Франција  Путин, изјави дека не сака да има влијание.

Русија на никаков начин не сака да влијае врз актуелните настани, но го задржува правото да комуницира со претставиците на сите политички сили во земјата – рече Путин и појасни дека така се однесуваат и другите европски држави и САД.

Ле Пен му се заблагодари на Путин за средбата и нагласи дека меѓу Франција и Русија има длабоки културни, економски и стратешки врски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.