Путин: Слободната трговска зона со Турција е остварлива задача

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека слободната трговска зона со Турција е остварлива задача.

– Не е лесно да се воспостави толкав степен на трговски врски, но тоа е остварливо, изјави Путин на прес конференцијата по разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Путин нагласи дека моменталната трговска размена помеѓу Русија и Турција изнесува 33 милијарди долари, а дека се планира размената да се зголеми на 100 милијарди долари. Тој рече дека ова ќе биде тема на разговор помеѓу министрите за економија на Русија и Турција.

Рускиот претседател изјави дека двете земји може да имаат соработка во голем број области, посебно во размената на сточарски производи.

– Русија е заинтересирана и подготвени сме да ги отвориме нашите пазари. Сепак постојат голем број бирократски проблеми што треба да се решат и секако дека ќе го направиме тоа, нагласи Путин.