Путин со Николиќ и Орбан телефонски разговарал за „Јужен тек“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со српскиот претседател Томислав Николиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан околу намерите на Москва да ги запре плановите за изградба на гасоводот „Јужен тек“, потврди Кремљ, а пренесе ТАСС.

Во краткото соопштение не се изнесени повеќе детали од разговорите.

Единствено се нагласува дека Путин со Николиќ и Орбан дискутирал за перспективите на натамошната енергетска соработка по откажувањето на овој важен енергетски проект, како и за вкупната билатерална соработка со овие земји.