Путин: Tерористите ќе ги бараме секаде, одмаздата е неминовна

Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека руските воздушни напади во Сирија ќе продолжат и ќе бидат интензивирани за екстремистите да сфатат дека одмаздата е неминовност.

– Ќе ги бараме каде и да се сокријат. Ќе ги најдеме во кој и да е дел на светот и ќе ги казниме, порача Путин, нарекувајќи го соборувањето на рускиот авион на Египет „едно од најкрвавите злосторства“.

– Терористичкиот акт е причината за уривањето на рускиот авион во Египет. – Во авионот била внесено рачно изработена бомба со моќност од околу еден килограм еквивалент на тротил, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.