Путин: Турција направи голема грешка со соборувањето на рускиот воен авион

Путин: Турција направи голема грешка со соборувањето на рускиот воен авион
Путин: Турција направи голема грешка со соборувањето на рускиот воен авион

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Турција направила огромна грешка со соборувањето на рускиот авион Су-24

Тој додаде дека реакцијата на Русија на тој инцидент била повеќе од резервирана.

– Веруваме дека турската власт направи голема грешка, а тогаш луѓето што ги штитепе го убија пилотот. Нашата реакција на ова злосторство беше повеќе од воздржана, наведе Путин.

Турција го собори рускиот воен авион на 24 ноември поради нарушување на воздушниот простор на Турција. Русија демантира дека авионот влегол во турски воздушен простор. Путин тогаш инцидентот го оцени како „забодување на нож во грб од страна на тие кои поддржуваат терористи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.