Свет

Путин: Уште е рано да се зборува за претседателските избори во 2018 година

Путин: Уште е рано да се зборува за претседателските избори во 2018 година

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е премногу рано да се зборува за претседателските избори што треба да се одржат во 2018 година, пренесе „РИА Новости“.

Шефот на државата истакнал дека не треба да се мисли за тоа дали ќе се кандидира за претседател, туку за работата што е завршена.

„Најлошото и најопасното нешто што може да му се случи на еден човек кој се занимава со политика, е да ја зграби функцијата со заби и нокти и да мисли само за тоа. Во такви случаи неуспехот е неизбежен“, истакнал Путин.