Путин во посета на Австрија, ЕУ негодува

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе допатува денеска попладне во посета на Виена каде што ќе се сретне со австрискиот државне врв, што наиде на критика од редовите на ЕУ.Путин, со најголеми воени и државни почести ќе го дочека претседателот на Австрија Хајнц Фишер, по што ќе разговара со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Во ЕУ не владее големо воодушевување поради посетата на Путин на Австрија.Па, така шефот на шведската дипломатија Карл Билт порача дека неговата земја не би го повикала Путин поради актуелната криза во Украина.Тој изјави дека Путин се обидува да направи раздор во ЕУ и дека Русите секогаш тоа го прават кога ситуацијата е тешка.

Иако шефовите на европските држави изразуваат негодување, најголемиот број Австријци ја поддржуваат одлуката на претседателот Фишер официјално да го прими Путин.

Посетата како што е најавено треба да послужи за понатамошно продлабочување на односите меѓу Виена и Москва. На дневен ред ќе се најдат договорите од областа на туризмот, науката, економијата како и меѓусебната помош во случај на елементарни непогоди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.