Путин во посета на Турција

Предвидена е и средба на рускиот претседател со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, на која тие ќе разговараат за руско-турските односи, регионални и меѓународни проблеми. Предвидено е и потпишување на билатерални документи, соопшти Кремљ.

Путин ќе учествува и на состанокот на мешовитата руско-турска комисија за економска соработка.

Посетата на рускиот претседателдоаѓа по деветмесечна криза во односите меѓу Москва и Анкара поради соборениот од турските вооружени сили руски борбен во ноември минатата година. Во август Путин и Ердоган, кој се извини за соборувањето на авионот, го стопија мраз и ја обновија билатералната соработка.

За Турција, посетата на Владимир Путин е особено важна од гледна точка на тоа што се очекува да биде потпишан договорот за проектот Турски поток, кој ќе и помогне на Турција да стане гасен дистрибутивен центар на Балканот, како и за интензивирање на билатералните односи, забележуваат аналитичарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.