Путин во разговорот со Макрон, Меркел и Порошенко го изложил пристапот на Русија кон клучните одредби од Минскиот договор

© Алексей Никольский/ТАСС

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор во понеделникот со германската канцеларка Ангела Меркел францускиот и украинскиот претседател Емануел Макрон и Петро Порошенко, во така наречениот формат „на „Нормандиската четворка“детално го изложил пристапот на Москва кон клучните одредби од Минскиот договор.

Договорот меѓу Русија, Украина, Германија по иницијативата на Франција, за прекинот на огнот беше потпишан во белоруската престолнина Минск на почетокот од февруари 2015 година, но не доведе до конечно прекинување на насилствата.

„Челниците темелно ги разменија мислењата за ситуацијата на југоистокот од Украина земајќи ги предвид сериозните недостатоци во спроведувањето на Минските договори. Владимир Путин многу детално го изложи рускиот пристап кон сите клучни одредби од овој договор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

На четворицата лидери им бил претставен извештајот на шефот на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ, Ертугрул Апакан и на неговиот заменик Александр Хуг за статусот на одржувањето на прекинот на огнот на линијата на контактот меѓу страните, коишто официјална Москва го нарекува „внатрешен украински конфликт“, како и другите аспекти од активностите на набљудувачите на ОБСЕ.

„Договорени се натамошни контакти вклучително и на највисоко ниво“, истакнува Кремљ.

Другите три престолнини засега не излегоа со свои пошироки извештаи за четиристраниот разговор, туку следуваа куси писмени изјави. Вообичаено за претходните вакви разговори, Париз и Берлин, издаваа заедничко соопштени.

Од кабинетот на украинскиот претседател Порошенко беше соопштено дека тој инсистирал мировници на Обединетите нации да бидат распоредени во отцепените рускојазични региони во Донбас. Од своја страна, францускиот челник Макрон го опишал како неуспешен неговиот прв разговорот со лидерите во „нормандискиот формат“ како директен дијалог за конкретни дејствија.

На четиристраниот телефонски разговор кој се одржа по тримесечна пауза била договорена средбата на специјалните советници на шефовите на државите, којашто треба да се одржи во првата половина на август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.