Путин во сабота во Австрија, на венчавка на министерка

Рускиот претседател Влаимир Путин планира во саботата на 18-ти август да ја посети Австрија по повод венчавката на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнејсл, изјавија во средата од Кремљ.

Рускиот претседател во саботата, исто така, ќе престојува во службена посета на Германија, каде што во владиниот дворец надвор од Берлин, со германската канцеларка ќе разговара, како што е најаваено за Сирија, Украина и енергетиката. Средбата ќе се одржи во дворецот Мезеберг.

Педесет и тригодишната Кнејсл, којашто е експерт за Блискиот исток и е полиглот, како шеф на австриската дрипломатија дојде како избор на крајно десната Слободарската партија (FPOe), којашто минатата година влезе во владина коалиција со конзервативците на канцеларот Себастијан Курц. Кнејсл не е член на споменатата партија, но како и партијата има добри односи со Путин.

Првата дама на австриската дипломатија се мажи за претприемачот Волфганг Мејлингер, а свеченоста на којашто ќе присуствува и австрискиот канцелар, ќе се одржи во живописни лозарски насади во Штаерска.