Путин во Швајцарија го очекува раѓањето на неговиот син

По цела една недела во која не бил забележан ниту еден јавен настап на рускиот претседател Владимир Путин, социјалните мрежи интензивно шпекулираат за неговото наводно исчезнување.

Претседателот во јавноста последен пат бил виден на 5 март, а Кремљ не дава никакви информации и причини за неговото отсуство, освен кратката изјава на портпаролот Дмитриј Песков дека „нема причини за грижа“ и дека „сѐ е во ред“.

Швајцарски “Blick” отиде до таму што напиша дека Алина Кабајева, за која сите знаат дека е во тајна врска со Путин, се пријавила во клиниката “Sant Ana” со Соренж и се распрашувала дали може да се породи таму, а таа болница наводно им ја предложил Силвио Берлускони!

Швајцарскиот таблоид Blick тврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се повлекол од јавноста затоа што го очекува раѓањето на синот.

Таблоидот пишува дека партнерката на Путин, Алина Кабајева, се пријавила во клиниката Sant Ana во Соренж и се распрашувала дали може да се породи таму. Некои очевидци тврдат дека со неа бил токму Путин.

Претседателот на Русија и неговата млада девојка, поранешната олимписка првенка во гимнастика, речиси никогаш не биле видени заедно во јавност, но нивната врска е јавна тајна.

Русите тврдат дека е невозможно да се провери автентичноста на швајцарската приказна.

Blick отишле толку далеку со претпоставките, па напишале и дека клиниката на Путин му ја препорачал неговиот пријател Силвио Берлускони, чија ќерка Барбара се породила токму таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.