Путин во Србија одликуван со највисок орден

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска го одликуваше рускиот претседател Владимир Путин со највисокото признание – „Орден на Република Србија“ на голем златен венец.

Николиќ во српската Палата му се обрати на Путин на руски јазик кажувајќи му дека го одликува.

orden1

Станува збор за орден од прв степен, а рускиот претседател е првиот и засега едниствениот на кому ќе му биде доделен „за исклучителни заслуги во развивање и зацврстување на мирољубива соработка и пријателски односи помеѓу Србија и Руската Федерација.