Путин во Турција, разговори за трговската размена и за цената на нафтата

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска е во официјална посета на Турција.

Во рамки на посетата се очекува главни теми на разговорите да бидат трговската размена и прашањата за енергенсите.

Русија во моментов е главен извозник на енергенси во Турција, а Анкара е втор по големина трговски партнер на Москва веднаш по Германија.

Сепак постојат големи разлики кај властите во двете земји во однос на сириското прашање и за Кримската област во Украина, што може да резултира со одложување на ревизијата на цените на нафтата.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган упати остри критики до руските власти за поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад, како и за анексијата на Кримската област во Украина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.