Свет

Путин: Војна со Украина е апокалиптично сценарио

Путин: Војна со Украина е апокалиптично сценарио

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војна во соседна Украина веројатно не е можна и дека договорот од Минск е најдобар начин за стабилизација на земјата.

Војната би било апокалиптично сценарио и мислам дека тоа нема да се случи. На Европа не и е во интерес тоа, а ниту на Русија, изјави Путин во интервју за руската телевизија.

Тој уште еднаш демантираше вмешаност на Русија во конфликтот во Украина, додека оттаму повторно ја обвинуваат Москва за кршење на примирјето и дека не се во можност да го повлечат тешкото вооружување зашто бунтовниците постојано ги гранатираат.