среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 45

Путин вонредно ја проверува борбената готовност на армијата

Вежбата ќе ги зафати јужниот, западниот и централниот округ, како и Северната флота, Воздухопловно-вселенските сили и Воено-десантните сили, соопшти генерал Сергеј Шојгу.

tenk

Последни вести

Руското Министерство за одбрана утрово ја објави одлуката на врховниот командант Владимир Путин за нова вонредна проверка на борбената готовност на вооружените сили.

Вежбата ќе ги зафати јужниот, западниот и централниот округ, како и Северната флота, Воздухопловно-вселенските сили и Воено-десантните сили, соопшти  генерал Сергеј Шојгу.

-Во согласност со одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија денеска ќе почне уште една во низата вонредни проверки. Војската на Јужниот, дел од силите на Западниот и средства од Западниот и Централниот воен округ, Северната флота, Главната команда на Воздухопловно-вселенските сили  и Воздухопловно-десантните сили  од 7 часот по московско време ја проверуваат борбената готовност, објави Сергеј Шојгу на седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Како што наведуваат руските медиуми, проверката ќе трае од 25 до 31 август.

Најчитани вести