Путин за „Брегзитот“: Никој не сака да храни слаби економии

putin

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека „Брегзитот“ е избор на британската нација и дека е разбирлив , со оглед на тоа што „никој не сака да храни слаби економии“, пренесува „Раша Тудеј“.

Путин понатаму додаде дека Русија не се спротивставува и не планира да се спротивстави на резултатите на референдумот.

Мислам дека е разбирливо зошто ова се случи: прво, никој не сака да храни потчинети и посиромашни економии, да поддржува други држави, други цели нации, рече рускиот претседател на Самитот во Ташкент каде престојува.