Путин: Задоволни сме што се подобруваат односите со Турција

Русија и Турција во декември минатата година се изборија за запирање на огнот, благодарение на што е намален бројот на судири меѓу силите на сирискиот претседател Башара ал Асад и опозицијата.

Многу ми е драго да кажам, а малку кој ќе очекува, нашите војски да соработуваат ефикасно и заеднички, изјави рускиот претседател.

Претходно оваа недела, главните воени претставници од Русија, САД и Турција се состанаа во Анталија.

На состанокот го разгледуваа прашањето за дополнително решение со кое ќе се избегнат инциденти и ќе се обезбеди доверба меѓу сириските сили, кои ги поддржува Турција, курдските сили кои ги поддржува САД, и силите на сириската Влада кои ги поддржува Русија на патот до Рака, де факто престолнината на Исламската држава.

Ваквата блиска соработка меѓу Турција и Русија означува пресврт во односите, бидејќи овие две земји поддржуваат различни страни во граѓанската војна во Сирија.

Питин истакна оти му е драго што односите се подобрени.

Ердоган нагласи дека руските лидери ги гледа како „драги пријатели“.