Путин: Сите цели што се закана за руската војска мора веднаш да бидат уништени

Џихадистите во Сирија претставуваат директна закана за Русија, изјави Путин на денешниот безбедносен состанок во Москва додавајќи дека сите цели што претставуваат закана за руската војска мора веднаш да бидат уништени, пренесува „Раша Тудеј“.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека влијанието на Исламска Држава во Сирија продолжува да се шири.

Акциите на руските сили во Сирија се координирани со руските специјални сили како што е ФСБ кои ги разбиваат терористичките ќелии, меѓу кои и оние на ИД, рече Путин.

Путин: Сите цели што се закана за руската војска мора веднаш да бидат уништени
Путин: Сите цели што се закана за руската војска мора веднаш да бидат уништени

Според него, сите сили што се закана за руските војници во Сирија треба да бидат уништени.

Сите цели што се закана за нашите (воени) групации или за инфраструктурата во земјата мора веднаш да бидат уништени, рече рускиот претседател.

Како што рече активностите на руската војска заслужуваат голема почит. Тоа е резултат на работењето на Министерството за одбрана, Генералштабот, руското воздухопловство и руската морнарица.

Тој нагласи дека во моментов 5.000 војници на слободната сириска армија се борат заедно со владините сили против терористите.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу додаде дека ИД контролира 70 отсто од територијата на Сирија, додавајќи дека во Ирак и во Сирија во моментов има околу 60.000 милитанти.

Областа каде ИД има влијание се прширува. Постои закана дека нивните активности ќе се прошират и во Централна Азија и на Кавказ, рече Шојгу.

До денес, како што информира руското воздухопловство извело околу 4.000 прелетувања, а погодило околу 8.000 цели што се под контрола на терористите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.