Путин: Западот ја сака Русија само кога е слаба и кога треба да и се испрати помош

Се добива впечаток дека Западот ја сака Русија само кога е слаба и кога треба да и се испрати хуманитарна помош, изјави Владимир Путин во интервју за документарниот филм „Претседател“, посветен на 15-годишнината од почетокот на неговиот прв мандат на местото шеф на државата, пренесуваат руските медиуми.

– Понекогаш добивам впечаток дека тие не сакаат само кога треба да ни се испрати хуманитарна помош. Тогаш е се во ред, тогаш ни испраќаат компири, рече Путин во интервјуто со Владимир Соловјов, автор на филмот што ќе се емитува на 26 април.

– Во светот решиле дека Русија треба да престане да постои во сегашната форма. Прашањето е само кога тоа ќе се случи и кои ќе бидат последиците, наведе рускиот претседател.