Почнува со работа специјалното јавно обвинителство

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски минатата недела по седницата на Советот изјави дека петтемина со кои се дополнува Специјалното обвинителство биле предложени од Катица Јанева која во текот на денот поднела предлог и повторно барање за докомплетирање на нејзиниот тим со избор на јавни обвинители. Предложила пет наместо првично бараните седум обвинители.

Тимот на Јанева го сочинуваат: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, како и Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Формирањето на специјалното јавно обвинителство беше обврска која директно произлезе од Договорот од Пржино, а овој орган ќе ја истражува одговорноста за скандалот со прислушувањата и содржината на прислушуваните разговори.