Работата на Бејли во Македонија под истрага на Генералниот инспектор на САД

Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс најави две нови истраги за американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

Една од истрагите ќе се активира преку Генералниот инспектор на САД.

Во своето вчерашно интервју за МТВ, покрај истрагата и прашањата од Конгресмените, Франкс најави уште 2 нови истраги за Бејли и Амбасадата на САД во Скопје, односно втора и трета истрага за Бејли.

-Тоа е следниот чекор, веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од канцеларијата на сметководствотои да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме, рече Франкс.

simple_custom_logo

Канцеларијата на Генералниот инспектор во САД е генерички назив кој се однесува на поделба на надзорот на сојузна/и како и државни агенции со цел спречување на неефикасното или нелегалното работење во рамки на нивната матична агенција.

Овие канцеларии се поврзани со голем број на извршни сојузни сектори, независни сојузни агенции, како и со локалната власт. Секоја канцеларија има Генерален инспектор како и останати вработени кои се задолжени за идентификување, ревизија како и истражување на измами, злоупотреби и малверзации од било кој вид во рамки на извршниот оддел.

Генералниот инспектор има бројни канцеларии, меѓу кои и Канцеларијата на Генералниот инспектор за Агенцијата за меѓународен развој, или кај нас попозната како УСАИД (USAID).

Франкс изрази загриженост за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос, не само во Македонија туку и низ целиот свет, –

-Сорос беше посветен непријател на американските идеали за човекова слобода веќе долго време, и за нас како Американци да ги поддржуваме организациите кои ја поткопуваат американската политика и американски идеали за човекови права е ужасна рестрикција во нашите напори, не го кажав тоа како што треба, значи, за американските долари да одат до организации поврзани со ЏорџСорос значи дека се поткопуваат идеалите како Американци, рече Франкс.

oig_logo

Канцеларијата на Генералниот инспектор за УСАИД е одговорна за  откривање и спречување на измами, злоупотреби и прекршување на законот, како и да промовира економичност, ефикасност и ефективност во работењето на УСАИД, Корпорацијата на Милениумскиот предизвик, Американската фондација развој на Африка како и Интер-американската Фондација. По претходно барање Канцеларијата може да обезбеди и надзорни услуги на Надворешната приватна инвестициска корпорација.

Своите обврски Канцеларијата на Генералниот инспектор за УСАИД ги исполнува преку покренување ревизии, истражувања и друг вид на прегледи на документација.

За својата работа, Канцеларијата одговара пред Конгресот, каде поднесува полугодишни извештаи. Од друга страна, сите планови, извештаи, сведочења како и објави во медиуми се достапни на нивната веб страна.

Канцеларијата е организирана во три оперативни единици: Ревизија, истраги и менаџмент и има 11 канцеларии во странство. Европската е лоцирана во Франкфурт-Германија.

Ен Калвареши Бар е моментален Генерален инспектор на Канцеларијата на Генералниот инспектор за УСАИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.