Работи кои го влошуваат целулитот во зима

Работи кои го влошуваат целулитот во зима
Работи кои го влошуваат целулитот во зима

Ова можеби во зима не е естетски проблем број еден, но некои навики кои ги имаме во текот на ладните денови ја влошуваат состојбата на целулитот, поради што нема да бидете среќни на пролет.

Идеални услови за создавање на целулит се долготрајното седење, намалената физичка активност, тесна облека, мрсна храна, како и онаа што е богата со шеќер.

Циркулација со која се пренесува кислородот и хранливите материи до сите клетки во организмот, може да ослабне од тесни фармерки или еластични хулахопки.

Несоодветната исхрана богата со висококалорични, мрсни и благи намирници е уште една причина за создавање на неестетското вдлабнување. Во намирниците кои треба да ги јадете спаѓаат немасно месо, риба, свежо сирење, овошје, зеленчук, мед и млечни производи со помала масленост. Пожелно е на менито да вклучите повеќе пробиотици и да јадете помалку, но почесто.

Поради малата физичка активност, се јавува лоша циркулација и лимфни дренажи кои го намалуваат протокот на кислород и хранливи материи. Од друга страна, во зима, има идеални услови за создавање на целулит. Поовеќе се седи, движењето е поограничено. А, доколку при седење ги вкрстите нозете, оневозможувате проток на крв и се создаваат услови за појава на целулит.