Работи кои мажите буквално не ги поднесуваат во кревет

Немојте да ја расипувате забавата со тоа што во кревет ќе се однесувате недолично, порачуваат мажите, Листата од пет целосно непожелни работи ќе ви помогне да не ги повторувате грешките, преку кои тие тешко преминуваат.

1. Плачење

Емотивните изливи за време на сексот или по сексот, би требало да бидат израз на радост и блискост, но ние често стануваме неспресметливи кога ќе не обземат емоции. Можеби сте се расплакале од среќа, но на мажите тоа им изгледа крајно неурамнотежено и одбивно.

2 Разговор за деца

Дури и доколку се обидувате да направите бебе, зборувањето за тоа не е стимулирачко. Оставете и на природата да го направи своето, а вие насочете се кон уживање и забава.

3. Критикување

Коментарите за тоа дека ерекцијата не му е баш успешна или дека не ви се допаѓа неговиот стил, нема ништо да поправат. Потрудете се повеќе или предложете му да се одморите, прашајте го што сака или покажете му што вам ви се допаѓа.  Има многу конструктирни начини играта да се интензивира и да стане повозбудлива.

4. Досадување

Доколку се однесувате како да ви е досадно или сте многу уморни и не можете да го спречите проѕевањето, тој со право ќе биде навреден. Вклучете се, победете го заморот, доколку веќе сте се впуштиле во сексуална игра, преземете иницијатива, доколку тоа е начин да ви биде повозбудливо.

5. Премногу зборување или премногу молчење

Премногу зборување го убива еротското расположение. Можеби сте нервозни или секогаш премногу зборувате кога сте возбудени, но контролирајте се, бидејќи тој ќе се запраша дали вие всушнот се обидувате да го избегнете сексот и дали нешто не е во ред. На ист начин дејствува и целосната тишина.