Работи кои морате да ги знаете за добар секс

Добриот секс подразбира неколку работи – добро знаење, вештина и пред се’ познавање на сопственото, но и на телото на партнерот. Постојат многу трикови кои една жена треба да ги научи водејќи љубов со своето момче, но сите тие работи доаѓаат постепено и полека, чекор по чекор.

Никогаш не можете да очекуате од себе да знаете се’ одеднаш, но постојат неколку интимни прашања на кои едноставно морате да имате одговор на самиот почеток.

vest2

Го познавате ли своето тело добро колку и неговото?

Нему најверојатно ќе му забележите тоа што не е мајстор во задоволување и штп не знае каде е клиторисот, но прашајте се дали истото го знаете и вие? Истражете го своето тело, дознајте што ви одговара и научете го својот партнер на обострано задоволство.

Му дозволувате ли на партнерот да ја заврши својата работа?

Имено, многу жени сметаат дека тие треба да заведуваат и да го задоволуваат партнерот. Но, зошто да не биде тој оној кој ќе ве заведува и води во оргазам? Препуштете се на неговите раце и заборавете на она што вие треба да го работите. Можеби е ова клуч за незаборавен секс.

vest22

Дали на крај го прифативте своето тело?

Односот кон телото и тоа како да го прифатите и те како влијае на вашето уживање. Позитивниот став кон своето тело е еден од клучните делови од физичкото уживање. Заборавете на недостатоците, поработете на самодовербата и со својот нов став тргнете во нови сензуални искуства.

Имате ли краток пат до оргазам?

Откријте што најмногу ве возбудува, како најбрзо постигнувате оргазам каде сакате момчето да ве милува и на кој начин. Тоа искуство пренесете го на партнерот и неописливо ќе уживате.

sexpic

Се согласувате ли на секс поради вистинските причини?

Размислете за сексот што сте го доживеале минатиот пат. Дали тоа го направивте од досада, обрска или затоа што навистина сакавте? Не согласувајте се на секс поради страв дека момчето ќе ве остави или за да избегнете кавга. Вистинска причина за секс е само она кога навистина сакате и посакувате.

Можете ли да наброите барем пет од своите најчувствителни зони?

За исполнет сексуален живот мора одлично да го познавате своето тело. До оргазам вас може да ве доведе милување по брадавиците или пак некој поза која ви одговара. На вам е да откриете што минува кај вас и тоа знаење да го пренесете на партнерот.