вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 24

Работи кои не треба да ги правите „заради љубов“

image

Поврзани вести

Секој човек сака среќна врска и љубов. Понекогаш, сакајќи да го постигнеме тоа, забораваме дека некои работи едноставно се недозволени.

Поточно, овие 6 работи не би требало да ги правите „заради љубов“, односно за да ја одржите среќата на партнерот.

1. Обидување да ги решите сите негови/нејзини проблеми

Дури и ако се соочува со деловни и финансиски проблеми, не би требало да трчате и да го спасите партнерот. Ако го направите тоа, создавате неодлучен и беспомошен партнер кој во иднина ќе се плаши од своите одговорности. Секогаш запомнете дека сте само човек, не суперчовек кој може да решава проблеми за двајца.

2. Подарувате скапи подароци

Најдобро би било да си подарувате подароци со приближно иста вредност. Доколку еднаш купите скап подарок, другата страна ќе смета дека треба да ви се оддолжи и тука настанува проблем.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-zaradi-ljubov-3.jpg

3. Постојано сте негово/нејзино рамо за плачење

Има луѓе кои сакаат другите да чувствуваат сожалување за нив. Запомнете дека само затоа што тој/таа секогаш ви се доверува и води емотивни разговори, не значи дека врската ви е стабилна и исполнета. Сè додека повеќе зборувате за неуспесите на партнерот, отколку за достигнувањата, не е на добро. Вие треба да сте инспирација за подобри нешта, не постојано рамо за плачење.

4. „Што ти реков?!“

Дури и да сте 100% во право, нема потреба од вакви провокативни фрази. Штом го изговорите ова, давате до знаење дека вие сте попаметните во врската. А, секој човек има потреба да се чувствува важно и ценето. Покажувањето доминантност никако не ви е од корист.

5. Се откажувате од работата и личниот развој

Само затоа што сте нашле добар партнер, не значи дека треба да се изгубите себеси. За жал, многу луѓе своите успеси и потреби ги ставаат на последно место, без да разберат дека така никогаш нема да остварат хармонична врска. Колку поразновиден и поинтересен живот имате надвор од врската, толку повеќе сте ценети. Но, запомнете: екстремите се опасни.

6. Го менувате изгледот

Совршено нормално е еден човек да сака да изгледа убаво и привлечно за партнерот. Но, ако е под притисок дека нешто треба да промени, очигледно треба да го промени партнерот.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-zaradi-ljubov-7.jpg

Најчитани вести