Работи што секој маж треба да ги знае за сексот?

Женските тела се уште не се разбирливи потполно, бидејќи научниците со до 2009 година не знаеја како клиторисот функционира. Затоа не е ни чудно што мажите и жените не уживаат исто во сексот. Сепак, мажите треба да знаат некои работи пред да имаат секс со жената.

Она што жената го мисли за своето тело, влијае на тоа колку ужива во сексот

Начинот на кој жената гледа на своето тело, влијае на нејзиниот сексуален живот. Ако жената е задоволна толку повеќе ќе ужива  и обратно. Жените кои не се задоволни од своето тело, не се доволно концентрирани на чинот. Направете да се чувствува добро.

Општеството повеќе го цени машкото отколку женското уживање

Истражувањата покажуваат дека жените помалку уживаат  во сексот отколку мажите. Делумна вина за овој пад има и културолошката фаворизација на сексуалните чинови за кои се смета дека му причинуваат задоволство на мажот. Само 8 отсто од жените можат да доживеат оргазам во текот на вагиналниот секс, а речиси сите мажи можат да доживеат оргазам.

Што повеќе внимание ќе посветите на нејзиното задоволство, таа повеќе ќе ужива

Мажите помалку внимание посветуваат на тоа дали жената ќе доживее оргазам, ако се работи за врска за една ноќ. Што мажите  повеќе се посветени на врската, односно на задоволство на партнерката, таа е се позадоволна од сексот.

Жените можат да уживаат во чист секс, исто колку и мажите

Стереотипно се смета дека мажите повеќе сакаат шеми за една ноќ, додека жените се сметаат за такви кои тежнеат за врска, вистинска љубов во комбинација со сексуално задоволство. Но студија од 2011 година покажала дека жените се исто така отворени за шеми за една ноќ исто како и мажите.

Просечно се потребни од 10 до 20 минути за жената да доживее оргазам

Мажите од друга страна можат да го доживеат врвот од седум до 14 минути. Исто така, најчесто жените свршуваат со помош на повеќе сексуални чинови.

Дури  жената и да не сврши, сексот не е бесмислен

Бидејќи најголемиот дел од жените тешко доживуваат оргазам, важно е да се знае дека во сексот може да се ужива и без да се доживее оргазам. Сепак комуникацијата е клучна. За некои жени оргазмот сепак е цел, додека другите уживаат во самиот чин. Добро е да поразговарате со партнерката, да знаете во што ужива.

Ако кога ја допирате не ја возбудувате, тогаш сте на погрешно место

На телото на секоја жена има голем број на ерогени зони, на некои жени им е потребно партнерот да ги допира онаму каде што им е пријатно. Или преведено, ако знаете дека не е задоволна со својот стомак, не ја допирајте таму. Дознајте кои се нејзините посебни точки.

Добра комуникација, добар секс

Едноставен, но и добар совет е за да имате добар секс потребно е да сте поврзани и да имате добра комуникација. Ако не знаете како се чувствува, бидете отворени и зборувајте за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.