Работилница на ФЗОМ во Кратово

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите, кои се организираат во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и со Црвениот Крст.

Денеска во Кратово се одржа третата едукативна работилница од новиот циклус предвиден за 2015 година, која има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од областа на лековите и ортопедските помагала.

За едукација на пензионерите за прашања од областа на лековите своја презентација имаше Марија Коневска, од сектор фармација во ФЗОМ, а за остварување на право на ортопедско помагало, своја презентација имаше д-р Силвана Андонов, од сектор контрола во ФЗОМ.

Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за своите права од областа на лекови и ортопедски помагала, но и можност да дадат свои предлози и идеи за поефикансо работење.