Македонија

Работилница „Подигањето на нашите деца е наша должност“ во кампот на „Чуварите на демократијата“

Работилница „Подигањето на нашите деца е наша должност“ во кампот на „Чуварите на демократијата“

Граѓаните имаа можност денеска да ужваат во едно сосема поинакво саботно попладне во кампот на „Чуварите на демократијата“.

Во кампот спроти Собранието, во организација на Унијата на млади сили, како и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа работилница со наслов „Подигањето на нашите деца е наша должност“.

Во рамки на работилницата, забава можеше да најде секој, од најмлад до најстар, а пораката дека семејството и децата се најважни, успешно беше испратена до сите.

7500d8

-Како и секогаш до сега, така и денеска, продолжуваме со општествени одговорни активности . Денеска во кампот на „Чуварите на демократијата“ може да забелжиме луѓе од секакви категории, млади луѓе, млади брачни парови, дечиња кои се тука да си играат. Една голема благодарност до Унијата на жени, која заедно со УМС го организираме овој настан. Пред се се обидуваме да им помогнеме на сите млади брачни парови и млади луѓе да имаат интересно саботно попладне и воедно да укажеме дека семејството е една од најважните работи за добро растење на секој млад човек, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

500nel

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова го поздрави денешниот настан.

1500ran2

-Пред се, многу е важно да правиме вакви настани и да ставиме посебен акцент на родителите, бидејќи родителството е една од најважните работи кои што ги имаме во животот. Да се биде родител значи да се биде многу посветен, да посветуваме многу грижа, внимание и љубов на најмилите и да гледаме да ги изнесеме на прав пат и да живеат во безбедна средина… Децата се нашата иднина.

10500d3

Рангелова, од кампот на „Чуварите на демкратијата“ упати посебен поздрав до мајките кои имаат повеќе деца, иако како што рече и мајките на едно и мајките на повеќе деца имаат иста одговорност.

115000d2

14500d4

4500d11

3500d12

фото: Курир