Работилница „Thinking Big – Како до глобален стартап“

Во тек е работилницата Thinking Big – Како до глобален стартап во организација на Фонд за иновации и технолошки развој.
Работилницата за улогата на акцелераторите, создавање на еко систем и стратегија за развој на стартапи и нивно лансирање на глобалните пазари ја водат Крис Бери и Стив Аделман, експерти од Силиконска Долина кои во улога на основачи и ментори имаат помогнато на голем број старт ап компании.

Работилницата за улогата на акцелераторите, создавање на еко систем и стратегија за развој на стартапи и нивно лансирање на глобалните пазари ја водат експерти од Силиконска Долина кои во улога на основачи и ментори имаат помогнато на голем број старт ап компании:

– Kрис Бери (Chris Burry), Co-CEO на US Market Access Center и основач на Avande (Accenture), најголемата консултантска компанија во светот со обрт од преку 4 милијарди долари и повеќе од 30.000 вработени

– Стив Аделман (Steve Adelman), директор на Wharton Business School Accelerator во Сан Франциско, директор на управниот одбор на мрежата на бизнис ангели Wharton Alumni Angels of Sillicon Valley и ментор на LaunchPad на UC Berkley и Stanford.

Работилница е поделена на три сегменти:

– Стратегии за полесен пристап до глобалните пазари, презентација на веќе докажани практики и студии,
– Пренесување на искуства во областа на креирање на одржлив претприемачки екосистем, влијанието на изворите за финансирање и
– Улогата на акцелераторите во целиот екосистем.