Работилница за консолидација на земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, денеска во своите простории ќе одржи работилница за проектот „Поддршка на националната програма за консолидација на земјоделско земјиште“ којшто се остварува во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации-ФАО.

Како што соопшти Министерството, основна цел на проектот е започнување на активностите на политиките за консолидација на земјоделското земјиште и зголемување на капацитетот на Министерството за имплементација на проектите за консолидација.

Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.