Работилница за подобрување на воздушниот сообраќај меѓу земјите од ЈИЕ

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија во соработка со EUROCONTROL денеска во Скопје организираат работилница ATM Regional Cooperation Workshop, на тема „Идни чекори за зголемување на регионалната соработката, во насока на подобрување на воздушниот сообраќај меѓу земјите од Југоисточна Европа“.

На состанокот најавено е учество на директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство и на EUROCONTROL, Горан Јандреоски и Франк Бренер, како и претставници на воздухопловните власти од земјите од Балканот и пошироко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.