Македонија

Работилница за превенција и самоодбрана против насилството

Работилница за превенција и самоодбрана против насилството

Во периодот од 23-25 септември 2014 година во Скопје се одржа работилница на тема ”Превенција и самоодбрана против насилството”, која беше организирана под покровителство на Канцеларијата на полициското аташе при Амбасадата на Италија во земјава, а финансирана од страна на TAIEX инструментот на Европската Комисија.

Целта на оваа обука беше да им овозможи на вработените во Министерството за внатрешни работи поефикасно препознавање на потенцијалните напаѓачи, а со тоа превентивно и навремено спречување на напад и тоа, како на нив директно, така и напад насочен кон други лица.

На завршната церемонија на доделување на сертификатите, покрај учесниците од МВР и експертите од Италија, Велика Британија и Франција, присуствуваа и aмбасадорот на Италијанската Република во Македонија, Н.Е. Ернесто Белили, како и pомошникот министер за Европска Унија и меѓународна соработка, г-дин Сали Рамадани.