Македонија

Работилница за регистарот на загадувачи во Македонија

Работилница за регистарот на загадувачи во Македонија

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ за регистарот на загадувачи во Република Македонија, денес ќе ја одржи првата работилница.

Целта е да се изврши обука на претставниците од инустријата од источниот дел од државата за спроведувањето на UNECE Протоколот за регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи, како и за обврските за известување коишто произлегуваат од националното законодавство.

Согласно законот, секој голем загадувач кој врши дејност на територијата на Македонија има обврска да ги објавува податоците за видот и обемот на загадувањето или транспортот на опасниот отпад, а надлежното Министерство треба да ги објавува јавно тие податоци.

Работилницата е дел од проектот „Право да знаеш – веднаш“ и е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Во наредниот период на оваа тема ќе се одржат уште две работилници.