Работилница за Топ менаџмент за компаниите од Индустриската Зона Визбегово

Здружението на стопанственици Индустриска зона Визбегово – Стенковец како една од неколкуте активности организирани годинава, за сите компании од Индустриската Зона Визбегово организира бесплатна работилница за топ менаџментот.

Работилницата е организирана со цел унапредување на работењето, подобрување на перформансите и зголемување на финансиските резултати во секоја компанија. Таа е организирана во соработка со професионални консултанти од консалтинг компанијата Д2ЕМ Консалтинг од Скопје, а финансирана од компаниите членки.

rabbb (2)

Здружението дејствува како непрофитно, неполитичко и непартиско здружение на граѓани, а негови главни цели се: унапредување и подобрување на условите за стопанисување на стопанските субјекти со седиште во Индустриска зона Визбегово – Стенковец, подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот и подигање на условите за стопанисување и живеење, подобрување на квалитетот на животот со обезбедување здрава и чиста еколошка средина, промоција на свеста за екологија и окружувањето, создавање на услови за меѓусебно стопанско поврзување на членовите и заеднички настап на деловните субјекти на домашниот и странски пазар,унапредување на меѓучовечките и меѓунационални односи, хуманитарна дејност како природен израз на психофизичката и духовна зрелост на членовите преку спремност за помош на другите.

rabbb (3)

Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку конкретни активности, спроведување заеднички програмски активности, проекти, трибини, дебати, како и соработка со организации, институции, амбасади и слично.

Во иднина се планираат низа активности во функција на сите стопанственици од оваа индустриска зона и Здружението очекува поддршка од државните институции и нивна иницијатива и активност за поттикнуваање на растот и развојот на економијата на сите компании од зоната.