Работилница за заштита на личните податоци на странци

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Министерството за внатрешни работи денеска и утре во Скопје организират регионална работилница за заштита на личните податоци на странци, пренесува МИА.

Работилницата се одржува со поддршка од Генералниот директорат за проширување, градење на институциите, TAIEX – правда и внатрешни работи.

Главната цел е да се увидат најдобрите практики од земјите-членки на ЕУ во овој дел од законодавството за азил и миграција, особено осврнувајќи се на аспектот на заштита на податоците.

Работилницата се гледа како можност на едно место да се соберат претставници од министерствата за внатрешни работи и од органите за заштита на личните податоци во регионот на Западен Балкан и Турција кои работат во областа на азил, бегалци и миграциски прашања и заштитата на податоци.

Покрај Македонија на работилницата ќе учествуваат и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Хрватска, Србија, Полска, Турција и Косово.

фото: МИА