Македонија

Работилница за заштита на недвижното културно наследство

Работилница за заштита на недвижното културно наследство

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС во Македонија, денеска организира работилница „Превентивна заштита од пожар на дрвени конструкции и елементи“.

Според експертите, недвижното културно наследство во минатото, сегашноста и иднината било, е и ќе биде изложено на природни и од човекот предизвикани оштетувачки фактори.

– Сведоци сме на големите пожари кои се случија неодамна во Бигорскиот манастир и манастирот Трескавец, кога тотално изгореа дрвените елементи и конструкции на конаците и другите простории, а за среќа, вредните сакрални објекти беа поштетедни од огнената стихија. Токму тие два настана, кои беа забележани од целата домашна и светска стручна јавност, го поттикна конзерваторскиот еснаф, вклучен во националниот комитет на ИКОМОС, активно да се вклучат во дизајнирање, прво на превентивни, а потоа и завршни чекори, за заштита и спасување на дрвените конструкции и елементи на недвижното културно наследство од пожар, велат организаторите.

Работилницата ќе се задржи на факторот за појава на пожар, кој може да биде предизикан и од природата (гром) или од човекот  (нередовно и неквалитетно одржување на објектите и дефект на техничките помагала)  или од глодарите.