Работилници против родовото и семејното насилство

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, женската граѓанска иницијатива Антико во соработка со студентите на Институтот за родови студии, од денеска до 5 декември, ќе реализира низа работилници и дебати со млади луѓе под мотото: „СТОП за родовото и семејното насилство!“.

 Со работилниците ќе бидат опфатени повеќе од 150 учесници, студенти/ки од факултетите во Скопје и ученици/ки oд 5 средни и основни училишта, на возраст од 13 до 25 години.
Со овие работилници се придонесува кон сензибилизирање на младите за активно учество во заложбите за елиминрање на родовото и семејното насилство преку формирање позитивни ставови за постигнувањето на родовата рамноправност и елиминирање на
родовите предрасуди, стреотипи и насилство.
Целта е фокусирана на подигнување на свеста кај младите луѓе за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја предизвикува врз жртвите и нивните семејства и врз општеството генерално, препознавање на корените на насилствата
кои се длабоко всадени во половата нееднаквост, како и запознавање со механизмите за заштита и превенција од овој вид на насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.