Работилници за намалување на логопедските проблеми

Здружението Интеракција плус од Скопје од денеска до 25 декември секој работен ден ќе одржува хуманитарна акција и едукативни работилници под заедничкиот наслов „Во новата година со помалку логопедски проблеми“.

– За таа цел, покрај бесплатните прегледи на секое дете кое има нарушувања и проблеми со говорот, на децата со логопедски потешкотии ќе им биде подарена и користена како мал прирачник при вежбите сликовницата „Мраско во Снежиленд“ од истакнатиот македонски писател Велко Неделковски, а во издание на издавачката куќа Феникс, информираат од Здружението.

Исто така, Здружението Интеракција плус ќе добие на подарок 20 уметнички слики од Живко Поповски Цветин, Светомир Стефановски и Христо Петрески со мотиви блиски за децата, кои ќе го симболизираат среќното детство.

За информации и закажувања на термините за бесплатните прегледи и за креативните работилници заинтересираните можат да се јават на телефоните на здружението Интеракција плус: (078) 245 484 и (071) 973 362. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.