Работилниза за енергетска ефикасност

Во рамки на Платформата за енергетска ефикасност „Енергетска ефикасност на дело“ ќе се одржи работилница за медиумите на тема „Енергетска ефикасност во дистрибутивната мрежа, домувањето и во компаниите“. Работилницата ќе се одржи во Хотелот Радика во Маврово, од 6 март до 8 март годинава.

Во рамките на работилницата стручни предавања од областа ќе одржат претставници на ЕВН Македонија и ЕВН Снабдување, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика. Свое обраќање ќе имаат и министерот за економија, Беким Незири, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер и директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски.