Македонија

Работна посета на Димитров на балтичките земји

Работна посета на Димитров на балтичките земји

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од 30-ти октомври до 3-ти ноември ќе престојува во работна посета на балтичките земји, при што регионалната турнеја ќе започне во Естонија, актуелен претседавач со Советот на Евроспакта унија, ќе продолжи во Латвија а ќе заврши со работна посета на Литванија.

Во рамките на посетата Димитров, како што информираат во понеделникот од министерството за надворешни работи, на своите балтички колеги ќе им ги претстави досега преземените конкретни чекори од страна на Владата на за поттикнување на евроатланските интегративни процеси на земјата преку ткн „Акцискиот план 3-6-9“, како и за степенот на реализацијата на преземените реформи.

Министерот Димитров ќе се осврне и нa најновите надворешно-политички активности на земјата во контекст на продлабочување на регионалната соработка и градењето добрососедски односи за изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и регионалната економска соработка.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и идеи околу натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и унапредување на билатералните односи преку соработка во области од заемен интерес.