понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 78

Работна посета на министерот Попоски во Србија

На средбите се потврдија определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес.

Работна посета на министерот Попоски во Србија

Работна посета на министерот Попоски во Србија

Поврзани вести

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денес, оствари работна посета на Република Србија. Покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи на Република Србија и потпретседател на Владата, Ивица Дачиќ, министерот Попоски беше примен и од претседателот на Владата на Република Србија Александар Вучиќ.

На средбите се потврдија определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес. Исто така, соговорниците ја потврдија и намерата за зајакнување на економската соработка.

Воедно, шефовите на дипломатијата од двете земји и претседателот на Владата на Србија разговараа за евро-интеграциите и се согласија дека ќе продолжат меѓусебно да се поддржуваат на европскиот пат. Со оглед на тоа дека Македонија и Србија се соочуваат со голем прилив на бегалци и мигранти од Блискиот и Средниот Исток, соговорниците истакнаа дека двете држави се подготвени да ја продолжат меѓусебната координација, како и координацијата со нивните европски партнери во решавањето на ова прашање.

На крај, соговорниците ја нагласија важноста од одржување на мирот и стабилноста во регионот и потврдија дека двете земји ќе продолжат да придонесуваат во остварувањето на оваа цел.

Најчитани вести